Aктивистката Моника Ристеска повторно приведена -ноќта ја помина во полициска станица

Активистката Моника Ристеска ноќта ја помине во полициската станица во Автокоманда, по барање на јавен обвинител од скопското обвинителство. Ова следува откако претходно полиција од Оделот за недозволена трговија и шверц на дрога изврши претрес во нејзиниот дом.

Денеска околу пладне Моника и уште едно лице се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, каде што треба да бидат предложени мерките за обезбедување присуство.

Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината. Активистката беше приведена бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа беше пуштена.

Треба да знаете
Последни објави