Драган Силјановски, поранешен фудбалер на Антверпен и менаџер на актуелниот тренер на Бриж, Иван Леко и на напаѓачот на Андерлехт Иван Сантини, е уапсен рано утринава како дел од акцијата која ја покрена белгиската полиција информираат белгиските медиуми.
Според нив, апсењето на Силјановски е дел од акцијата ,,чисти раце” на белгиската полиција, која е поврзана во борбата со сузбивање на местени натпревари и корупција. Покрај, Силјановски уапсени и на распит се однесени Моги Бајат и Дејан Вељковиќ.
Оваа акција, која е веќе полн ек, е дел од европската истрага која има утврдено голем број наместени натпревари во 1А лигата во Белгија. Исто така, медиумите пренесуваат дека и Македонија е дел од оваа акција. Дали и колку македонскиот фудбал ќе биде здрман од оваа истрага останува да видиме наредниот период.