Какви патриоти се тие, за Македонија душа дава, а во буџет рака става, запраша пратеникот Самка Ибраимовски, на деншното продолжение на комисиската расправа за уставните амандмани.
Тој порача дека ќе гласа за уставните измени и ги повика сите колеги пратеници добро да размислат пред да донесат одлука, потенцирајќи дека политичките пресметки треба да се остават на страна кога се работи за иднината на државата и членството во ЕУ и НАТО, и порача да престане поделбата на патриоти и предавници.
„Слушаме за Каменос немало да гласа во грчкиот парламент, тој ќе гласа и оро ќе игра, дајте за мир во куќа и ние да гласаме за уставните измени, за подобар живот на сите во Македонија“, рече Ибраимовски.