Познато е дека целерот ја подобрува крвната слика, циркулацијата, варењето, а поради витаминот А кој го содржи во себе, влијае и на здравјето на кожата.
Нутриционистка објаснува дека целерот е 95 отсто вода, а кога се зборува за кожата – хидратацијата е многу битна.
Освен тоа, целерот содржи високо ниво на натриум со што помага и во варењето на храната и ја подобрува дигестијата.
Целерот е одличен за косата бидејќи го поттикнува растот и ја подобрува текстурата, објаснува Снајдер и додава дека целерот е често неинтересна билка за луѓето, но и дека истата заслужува простор на полицата во вашиот фрижидер.
Нутриционистката препорачува да го консумирате целерот како смути, а што се однесува до препорачаната доза, треба да испиете половина литар напиток од целер на празен стомак.
Потребни состојки:
– 1 и пол шолја исецкан целер
– половина шолја смрзнат или свеж ананас
– 1/4 шолја свежи листови од нане
Начин на припрема:
Во блендер измешајте ги сите состојки и веднаш консумирајте.