Папата Франциско ја прифати оставката од кардиналот Доналд Верл од местото надбискуп на Вашингтон, откако тој ја изгуби поддршката од голем број луѓе во својата заедница поради вмешаност во два големи скандала со сексуално злоставување и забошотување на злосторството.
Верл (77), кој беше надбискуп на Питсбург од 1988 до 2006 година критикуван е поради начинот на кој постапуваше во случаите на сексуално злоставување.
Во соопштението од Ватикан се наведува дека папата Франциско ја прифати оставката на Верл, но не наведе кој ќе го замени.
Иако Верл е можеби највисокото свештено лице што ја губи позицијата во годината на бројни сексуални скандали, папата Франциско му овозможи „спокоен“ трансфер на кардиналот, поздравувајќи го во едно писмо и овозможувајќи му да остане во надбискупијата во Вашингтон како апостолски администратор додека не се најде замена за него.
Папата не го критикуваше начинот на кој Верл се справуваше со случаите на сексуална злоупотреба и напиша дека кардиналот има доволно елементи за да ги одбрани своите постапки.
„Сепак, твојата благородност не ти дозволи да прибегнеш кон ваков начин на одбрана. Поради тоа се гордеам со тебе и ти благодарам,“ напишал папата во писмото до Верл.