Утрешната седница, двотретинско мнозинство или предвремени избори
Мали се шансите да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени. Предвремените парламентарни избори се се поизвесни. Висок функционер од владејачкото мнозинство за 24 инфо вели дека пратениците од опозицијата се подложени на притисок и тешко дека некој од нив ќе даде зелено светло и подршка. Неизвесно е и како ќе се позиционира и ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден. Нивната пратеничка група не учествува на координативните средби кај собранискиот спикер Талат Џафери.
Во опција се две можности, да учествуваат во дебатата која најмногу би требало да трае 10 дена или пак да ја напуштат собраниската седница со што таа би траела најмногу два дена. Коалицијата предводена од СДСМ уште еднаш упати апел до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги подржат уставните амнадмани и да понесат одговорност за оваа историска одлука.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека власта нема обезбедено двотретинско мнозинство и дека тие како пратеничка група се единствени и нема да ги подржат уставните измени.
Најголемата опозициска партија веќе се подготвува за предвремени избори а на седницата на Извршниот комитет како можен датум за нивно одржување бил посочен 9 декември. Партијата во наредните денови ќе отпочне да ги дефинира и пратеничките листи на кои според нашите информации нема да се најдат голем дел од сегашните пратеници и функционери од актуелното раководство.