Младоженец рече „не” на свадба и ги шокираше невестата и гостите
За Венди тоа требало да биде најсреќниот ден во животот затоа што се мажи за својата сродна душа, меѓутоа, кога на нејзиниот свршеник на венчавката му било поставено прашањето дали ја зема за жена, тој рекол „не“.
Сите очекувале од младоженецот Пол едноставно да одговори со „да“ и церемонија да продолжи, но тој наместо тоа со солзи во очите ја погледнал невестата и рекол дека тоа не може да го вети.
Кога објаснил зошто, сите присутни започнале да плачат.
Пол и Венди од почетокот имале многу посебна врска. Делеле многу среќни спомени и изградиле животи еден покрај друг. Од самиот почеток Пол знаел дека таа ќе биде негова жена.
Како венчавката се доближувала, Пол сфатил дека нешто не е во ред. Не сакал само Венди да биде негова „законска жена“, затоа што му значела повеќе од тоа. Била неговиот свет.
Поради тоа на ум имал нешто посебно додека оделе пред олтарот. Иако се трудел да се воздржи, солзите тргнале кога започнал да објаснува зошто кажал не.
Венди застанала покрај него и му помогнала да раскаже се што сакал, со насмевка и многу трпение.