Сончево и натпросечно топло време со студени утра најавув речиси до крајот на октомври. Според долгорочните прогнози, температури над 20 степени ќе имаме се до средината на идната недела за кога се најавуваат услови за наоблачување и можност за дожд.
Тогаш се очекува температурите да се спуштат до околу 15 степени во текот на денот, а наутро некаде околу 5 степени.
Такво ќе биде времето и на почетокот на идниот месец. Температурите постојано ќе се движат околу 20 степени, времето ќе биде променливо облачно а утрата ќе бидат студени со температури на повисоки од 7 степени.
Се најавува дека првите мразови по котлините може да се очекуваат кон средината на ноември кога температурите наутро ќе бидат неколку степени под нулата.
Во овој период според прогнозите постои можност за провејување и на првиот снег со оглед на очекуваната влажност и дневните температури кои нема да надминат 5 степени.
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, зимата во првата половина ќе биде блага и без многу врнежи со температури кои ретко ќе се спуштаат длабоко под нулата.