Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни
Семејството на починатиот поп пејач Принс побара од претседателот на САД, Доналд Трамп, да не ги користи песните на музичарот на своите политички собири, како што правеше многупати досега. На митинзите често бил пуштан евергринот „Purple Rain“.
– Наследниците на Принс никогаш не му дадоа на Трамп или на Белата куќа дозвола за користење на неговите песни и бараме тоа веднаш да престане, објави на Твитер Омар Бејкер, полубрат на Принс.
Принс нe e единствен ваков случај. Претходно, за време претседателската кампања во 2016 година повеќе пејачи и бендови го осудија користењето на нивните песни, меѓу кои и „Ролинг Стоунс”, „Аеросмит”, „Квин”, Адел и Нил Јанг.
И семејството на светски познатиот тенор Лучијано Павароти, исто така не беше согласно да се користи аријата „Nessun Dorma“./Миа