Познатата српска актерка Милена Дравиќ почина синоќа во болница на 79-годишна возраст, повикувајќи се на извори од Здружението на драмски уметници во Србија.
Актерката била на лекување, но последните денови не се чувствувала добро, лекарите се обиделе да направат сè, но немало спас. Пред две и пол таа го згуби сопругот Драган Николиќ и оттогаш се бореше со болеста. Ова лето престојуваше во Пула и Херцег Нови каде што беше промовирана монографија за неа. Таа се смета за една од најголемите актерки што ги имала Србија, но и во поранешна Југославија.
Милена Дравиќ е родена на 5. октомври 1940 година во Белград. Беше филмска, театарска и телевизиска актерка.
Одигра деведесет театарски улоги на многу сцени за кои има освоено бројни награди, а некои од нив се играни и повеќе од петнаесет години. Актерката се има појавено и во 159 филмски и ТВ улоги.
Четири и пол децении таа беше во брак со актерот Драган Николиќ (1971-2016). Од 1967. до 1969. Дравиќ беше во брак со режисерот Војислав Кокан Ракоњац, а во периодод 1960/’61 и во краткотрајна брачна заедница со режисерот Пуриша Ѓорѓевиќ.