Морбидно: Тела на 11 бебиња пронајдени во картонски кутии
Властите на Детроит по анонимна дојава пронашле тела на 11 бебиња во распаѓање сокриени во плафон во зградата во која е затворена погребална фирма.
Поручникот Брајан Браузер од полицијата во Детроит изјавил дека телата на мртвите бебиња биле пронајдени во кутии на плафонот меѓу првиот и вториот кат, пренесува АП.
Според изјавата на полицискиот поручник девет тела била пронајдени во картонски кутии , а две биле завиткани во кеси и ставени во сандак.
Телата на пронајдените мртви бебиња се идентификувани и полицијата сега се обидува да стапи во контакт со нивните семејства.
Инаку погребалната фирма била затворена во април годинава , кога инспектори привремено и ја одзеле дозволата за работа, поради тоа што во зградата биле откриени човечки тела покриени со буѓа.