Редовното одење на состаноци, водење љубов два пати неделно и искрено изјавување на љубов секој ден, се меѓу првите пет показатели дека вашата врска е силна и дека сте навистина сродни души.
Како што пренесува едно британско истражување покажало дека на прво место се наоѓа способноста за признавање на сопствените грешки, кога ќе сфатите дека сте виновни.
Тоа значи дека го почитувате партнерот доволно за да можете да ги прифатите неговите аргументи и да му дозволите да ве научи на нешто.
Уште еден интересен факт вели дека за хармонија во врската придонесува и работното време на двајцата партнери, односно кога двајцата се вработени на полно работно време.
Некои од показателите кои исто така се нашле на листата се истиот вкус за филмови и музика, еднакво одржување на хигиената и бројот на разменети бакнежи, кој никогаш не смее да биде помал од пет.