ВМРО-ДПМНЕ бара Мицковски да се обрати од собраниската говорница
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешното второ продолжение на собраниската седница на која се расправа за предлогот за уставни измени побара на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да му се овозможи да се обрати од собраниската говорница пред пратениците и граѓаните.
Данев во процедурална забелешка го прочита барањето од ВМРО-ДПМНЕ доставено до претседателот на Собранието за да му се овозможи на Мицковски да се обрати од собраниската говорница.
На ова претседателот на Собранието Талат Џафери, повикувајќи се на Деловникот за работа, посочи дека нема деловничка можност да го овозможи тоа.
– Тоа не е до мојата волја. Нема услов и по кој основ би го поканил Христијан Мицковски да учествува во работата, рече Џафери, додавајќи дека не добил барање од никого.
Според Данев, и во минатото имало пракса да им се дозволи на одредени личности да се обратат во Собранието