Одбраната ќе се обиде пукањето да го изнесе како ненамерно, бидејќи оружјето наводно случајно испукало кога тој се сопнал при расправија со сопругата.
35-годишниот маж украл M4 карабин и ја застрелал сопругата, нејзината мајка и домашното милениче. Убиството се случило во Сасекс во Англија, кога сопругата одбила да се смири со него. Крег Севиџ бил обвинет дека на 16. март ја убил 32-годишната Мишел Севиџ која била застрелана шест пати, нејзината мајка Хедер и кучето Зевс.
На судењето на Крег Севиџ се слушнало дека полицијата била повикана во домот на Хедер Витбред, каде пронашла три леша. Бабата на Мишел, Патриша Грувс, и нејзината помлада сестра Рејвен, која во тоа време била во седмиот месец од бременоста, се сокриле во куќата до таа во која се случило убиството.
Обвинителот навел дека станува збор за “планирана егзекуција” . Тој објаснил дека се се случило во моментот кога жената одбила да се смири со сопругот.
“Биле разделени околу еден месец пред пукањето, а тој очајнички сакал да се смират”, навел обвинителот. “Секоја од жените имала и свој отпечаток на оружјето, што укажува на тоа дека убиствата се извршени од близина и дека убиецот брутално ги погубил”.
Севиџ ја бомбардирал сопругата со СМС пораки, и се заканувал дека ќе објави секс снимка, на автомобилот ги истурал боја, а на нејзиниот роденден, седум дена пред убиството – ги распарчил гумите на нејзиниот автомобил. Тој исто така е обвинет дека се обидел да пука во полицајците кога сакале да го уапсат.
Како што се наведува, одбраната ќе се обиде пукањето да го изнесе како ненамерно, бидејќи оружјето наводно случајно испукало кога тој се сопнал при расправија со сопругата. Севиџ тврди дека планирал да ја киднапира сопругата во желба полицијата да го убие пред неа.
Се очекува дека судењето ќе трае околу три недели.