Во 17,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Велес кај селото Арачиново се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило со скопски регистерски таблици управувано од 35-годишниот Љ.Р. од селото и товарно моторно возило со скопски регистерски таблици управувано од 36-годишниот А.С. од Грушино-скопско.
По незгодата Љ.Р. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.