На нешто повеќе од еден месец до јубилејниот концерт, закажан за 23 ноември во СРЦ Кале во организација на АВАЛОН Продукција, НОКАУТ промовираат нов спот за нова песна.
Синглот со наслов “Кога ме сакаш ти”, е најава за новиот, четврт по ред албум на бендот. Автор на музиката е Дарко Димитров, текстот го напиша Огнен Неделковски, со што е реализирана првата заедничка соработка помеѓу Огнен и НОКАУТ.
Песната е снимена во Студио Перевски и Студио Димитрови, миксот е направен во Студио Димитрови, а аранжманот и продукцијата се на Никола Перевски и Дарко Димитров.