Водете сметка за некои од овие работи со цел шансите да се разболите да се сведат на минимум.
Бидете активни
Станува поладно и на вашиот организам му треба повеќе енергија, па веројатно и повеќе ќе јадете. Затоа е важно да не бидете мрзеливи. Согорувањето на дополнителни калории ќе ви овозможи да останете во форма и полесно да се изборите со микроорганизмите. Ако немате време за напорни физички активности, или едноставно не ви се допаѓаат – прошетајте.
Пијте доста течности
Хидратацијата на телото е важна за добро здравје. Покрај вода, потрудете се да пиете и свежо цедени сокови кои ќе ви обезбедат дополнителни витамини или топли чаеви со додаток од мед, лимон и ѓумбир кои ќе ви го зајакнат имунитетот. Со ова воедно ќе направите и детоксикација на организмот.
Хранете се здраво
Исфрлете го шеќерот и нездравите масти од исхраната и потрудете се што помалку да јадете индустриски обработена храна.
Најдете време за одмор
Стресните ситуации можат да предизвикаат здравствени проблеми како главоболка или болки во мускулите. Вовлечете се под ќебето и гледајте некој добар филм или читајте книга. Ако можете тоа да си го дозволите, одете на масажа или посетете спа центар. Доброто расположение и одморот ќе го зајакнат вашиот имунитет.
Добар сон
Често се случува поради некој филм на телевизија или други интересни работи да се оставиме без драгоцениот сон. Трудете се да го избегнувате ова сценарио бидејќи вашиот организам страда. Следниот ден ќе бидете летаргични и помалку продуктивни, а вашиот имунитет ќе биде послаб.