Според Горан Пандев, судијата на вчерашниот натпревар против Ерменија направил големи грешки кои што негативно влијаеле на нашите репрезентативци.
Македонските репрезентативци синоќа го претрпеа првиот пораз во Лигата на нации – на гостувањето во Ереван беа декласирани од Ерменија со високи 4:0.
„Судијата не ни досуди чист пенал. Тоа не направи многу нервозни. Имавме шанси, а потоа веројатно имаше и уште еден пенал после стартот на нивниот голман врз Трајковски. Сепак, тоа е фудбалот, имавме лоша вечер и добро е што овој пораз ќе не отрезни. Сигурен сум дека ќе бидеме први во групата“, изјави Горан Пандев.