На официјалниот профил на кралското семејство пред неколку дена е објавена среќна вест, принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, очекуваат бебе. Веста го воодушеви светот, а Британците веќе вложуваат огромни суми на пари во обложувалниците обидувајќи се да го погодат името на бебето кое тие ќе го имаат.
Некои од можните имиња кои се споменуваат се: Алис, Артур, Филип, Викторија и Дијана.
Војвотката од Сасекс би требало да роди на пролет, а на денот на објавата на среќните вести таа беше трудна веќе 12 седмици.
Обложувањето за името на детето е стара англиска традиција, па така Британците веќе вложија доста пари на некои од можните имиња.
Детето на Меган Маркл и принцот Хари нема да ја носи титулата принц или принцеза поради правило од 1917 година.
Според правилото на принцот Џорџ Петти, бројот на членовите на семејството кои можат да ја добијат титулата принц или принцеза е ограничен.
Дететот на принцот Хари е предалеку во семејната лоза за да може да ја добие оваа титула, меѓутоа кралицата Елизабета би можела тоа да го промени, но засега уште ништо не е сигурно.