Здрав сендвич за на работа што се прави за 10 минути

Комбинацијата на состојки за овој сендвич е полн погодок бидејќи сите заедно го забрзуваат метаболизмот, а ви даваат долго чувство на ситост.

Ако мислите дека сендвичите не може да бидат здрави, се лажете.

Прво и најважно е каков леб користите, а потоа, секако состојките и комбинацијата на состојки. Ако сте на диета за слабеење и вежбате, ќе ви требаат состојки што ќе задржат сити, ќе ви дадат енергија и истовремено ќе го забрзаат метаболизмот.

Спанаќот и пиперката како две од најважните состојки во овој сендвич, се важни за дозата витамини и свежина што го прават овој оброк идеален за на работа.

Состојки:

2 тврдо варени јајца, 2 лажици павлака со ниска масленост, 2 лажици ситно сечкана свежа пиперка, пола лажичка кари, пола шолја ситно исечкан спанаќ, 2 парчиња ‘ржан леб, себ и бибер по вкус.

Подготовка:

Јајцата ситно исечкајте ги и измешајте ги со спанаќот и пиперката. Додајте ја павлаката, карито, сол и бибер и сѐ добро измешајте. Смесата намачкајте ја на парчињата леб, по желба додадете свежа салата, домат и/или краставица и составете го сендвичот.

Ако не можете да си го замислите ручекот без месо, додадете 100 до 200 грама исечкано печено месо во сендвичот.

Треба да знаете
Последни објави