Возило удрило во жена пред комплексот клиники во Скопје

Возило удрило во пешак на сервисната улица во кругот на комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Со возилото управувало 29-годишно лице од Скопје.

Жената (69) во која удрило возилото со тешки телесни повреди била пренесена во Ургентниот центар.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави