Руските власти соопштија дека е можно експлозијата што се случи денеска на колеџ на Крим да е теористички напад, пренесуваат државните медиуми.
Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во силна експлозија што одекна на Техничкиот колеџ во Керч, во источниот дел на Крим.
Според првичните информации, можна причина за експлозијата е истекување гас во мензата на колеџот, јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на очевидци.
Според едни извори, во експлозијата се повредени 40 лица, а според други, 50 луѓе. Некои руски медиуми јавија дека се повредени 70 луѓе.
На лице место има многу возила на Брза помош и пожарникари, а во болница досега се однесени 18 лица.