Девојката на познатиот фудбалер, Георгина Родригез, објавила фотографија на социјалните мрежи која поттикнала гласини за свршувачка.
Згодната девојка на Кристијано Роналдо објавила нивна заедничка фотографија на Фејсбук, а многумина на раката на Георгина го забележале прстенот.
Токму тоа ги започнало гласините дека познатиот пар се свршил.
Иако Кристијано последните неколку седмици се соочува со обвиненија за силување, неговата девојка стои покрај него и не им верува на гласините кои кружат низ медиумите.
“Препреките пред себе секогаш ги трансформираш во импулс и сила да покажеш колку си голем. Ти благодарам што поради тебе уживаме во секој натпревар. Секогаш повеќе и подобро. Те сакам, Кристијано”, порачала младата манекенка.