Тепачка во Скопје за сообраќај, едно лице завршило во болница
Вчера во 17.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Љубљанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Ф.В.(18), С.В.(30) од една страна и Б.Х.(45) и И.Ѓ.(23) од друга страна. Б.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“.
До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло поради претходна вербална расправија околу давање првенство на минување во сообраќајот.
Се работи на расчистување на случајот.