Милошоски: Повлекувањето на Коѕијас е знак дека Договорот од Преспа е мртов
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски повлекувањето на Коѕијас е знак дека Договорот од Преспа е мртов.
„Договорот од Преспа имаше еден архитект (Коѕијас), 2 потписници (Коѕијас и Димитров) и еден смислено испланиран опонент (Каменос). Повлекувањето на Коѕијас и продолжувањето на сојузот Ципрас-Каменос е потврда дека Договорот од Преспа е мртов. Димитров може да си поднесе оставка“, рече Милошоски.