Оваа чорба има одличен вкус, а се подготвува брзо и едноставно.
Потребни состојки:
400 гр. компир
50 гр. масло
2-3 пиперки
1 коцка за супа
2 јајца
100 гр. презла
Малку магдонос
½ лажичка мелен ким
Сол и пипер
Начин на подготовка:
Ставете околу литар вода да проврие. Додајте масло, а потоа додадете го и изренданиот компир. Ставете ги и ситно исецканите пиперки.
Растворете ја коцката и додадете ја на смесата, а потоа гответе на тивок оган, околу 10 минути. Јајцата изматете ги пенасто и измешајте ги со презлата, па потоа во тенок млаз додадете ги во смесата со компири.
Зголемете ја температурата за да преврие, а потоа тргнете од ринглата и зачинете со ким. Уживате во богатиот вкус на ова одлично јадење.