Паметен уред за луѓето со оштетен вид
Израелски иноватори создадоа „паметен уред“ што може на лицата со оштетен вид да им овозможи поисполнет и поквалитетен живот. Направата се вика Ор-кам (OrCam), има големина на шише и се прикачува на рамката од очилата.
Концептот вклучува камера и микрофон, а програмата може да чита на 19 јазици и да го претвора напишаното во звук. Со направата, лицето може да распознава и ликови, предмети, производи, бар-кодови, бои, улици, да брои пари и да гледа на часовник.
Уредот од вчера може да се купи и во Бугарија.