Со 80 гласа ЗА Собранието донесе одлука за уставни измени
Власта обезбеди двотретинско мнозинство и 80 пратеници гласаа за потребата да се пристапи кон уставни измени.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ побара пратениците да се изјаснат поединечно, бидејќи технологијата можела да затаи. Спикерот Талат Џафери повика службите да го донесат списоците и да се премине на поеднично изјаснување.
По читање поединечно еден по еден пратеник се потврди мнозинството од 80 пратеници кој гласаа ЗА измена на уставот.