Во исчекувањето на пресудата во врска со вмешаност во сексуален скандал од 2015 година, Карим Бензема сега е обвинет за обид за киднапирање.
Вчера ексклузивно се објави веста за обид за киднапирање на Лео Д’Соуза, поранешниот застапник на Бензема.
Францускиот медиум, познат по разоткривање на скандалите на познати Французи, тврди дека во аферата се вмешани Карим Бензема и негови пријатели. Мотивот за киднапирањето наводно бил да се изнудат пари од стар долг.
Според познатите информации, Лео Д’Соуза бил ангажиран лично од Мароко во Франција да достави околу 50 илјади евра. Меѓутоа, парите биле запленети на царина во Маракеш. Во однос на сомнителниот расплет на приказната, агентот на Бензема призна дека е обвинет за кражба.
„Господинот Бензема смета дека му ги должам наводно украдените 50 илјади евра“, се оправдуваше Лео Д’Соуза во полицијата откако кон почетокот на октомври пријави обид за киднапирање во предградие во Париз.
Според неговите тврдења, две лица блиски до Бензема, се обиделе Д’Соуза да го присилат да влезе во комбе, меѓутоа бидејќи тој не сакал да го стори тоа, започнала голема расправа, па поединечни сведоци интервенирале со повикување на полиција. Според поединечни верзии, во комбето бил забележан и Карим Бензема.
Лео Д’Соуза пријави напад и обид за киднапирање поради наводен долг, а обвинителството во Париз отвори истрага.
Карим Бензема набргу реагираше на социјалните мрежи.
„Дали е овој свет сериозен? Престанете, оставете ме на мир“, објави Бензема.