Дали на работа премногу седите и поради тоа често ве боли крстот? Ако одговорот е да, тогаш овој рецепт е вистинската работа за вас.
Сите сме навикнати на начин на живот кој не е здрав за нашиот ‘рбет. Премногу седење, а премалку физичка активност, и така проблемите се создаваат уште од детството. Порано или подоцна, се појавуваат болки кои главно ги отстрануваме со лекови, што не е најдоброто решение. Затоа ви го претставуваме овој природен и едноставен рецепт.
Овој феноменален рецепт им помогнал на многумина, па не би било лошо да го пробате и вие. Секако е подобар од постојаното труење со лекови за болки. Во зависност од тоа колкава површина ве боли, измешајте во чинија свеж квасец и мед подеднакво (колку коцки свеж квасец, толку лажици мед).
Со оваа смеса добро намачкајте една чиста газа или кујнска крпа и ставете ја на болната површина од грбот. Цврсто стегнете ја со нешто и оставете ја да стои одредено време. Болката брзо ќе ви помине.