По полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило со скопски регистерски таблици управувано од 19-годишниот П.Ѓ. од Скопје изгубило контрола и се превртелo.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.Ѓ. а со телесни повреди се здобил сопатникот, 18-годишниот А.Д. од Скопје, кои биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.