Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен дежурен судија за санкции со што почнува 8-дневниот рок за испраќање упатен акт за пријавување во затвор.
Осудениот експремиер Никола Груевски на решението на судијата има право на жалба со која бара одлагање на извршувањето во рок од 3 дена. Доколку судијата го одбие барањето, Груевски има право на жалба до совет од тројца судии кој треба да донесе конечна одлука за евентуално одлагање во рок од 3 дена. Ако советот го потврди решението на судијата, осудениот мора да се јави во затвор.
Поранешниот премиер беше осуден на две години затворска казна за злоупотреба на службената положба за набавка на блендираниот „мерцедес ЕС600“ вреден 600 илјади евра.
Груевски изјави дека ќе ги искористи сите правни лекови што му стојат на располагање.