Заев: Да живее Македонија и граѓаните на Македонија
Денеска заедно ја испишавме историјата, рече премиерот Заев на прес конференцијата од Собранието по изгласувањето на потребата од донесување уставни измени согласно Договорот со Грција.
Македонија ќе стане дел од европското семејство, ќе се оствари сонот и визијата за подобар живот. нашето пристапување кон НАТО веќе почна и наскоро ќе станеме полноправна членка, а за една година ќе ги завршиме пристапните преговори со Европаката Унија, рече премиерот Заев.
Тој посебно им се заблагодари на храбрите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои и покрај притисоците гласаа за потребата од донесување на уставните измени. Тие ја ставија иднината на државата над партиските интереси, рече Заев.
Не е точно тврдењето на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев дека на пратеници од опозицијата им биле нудени пари.
Заев одговарајќи на новинарски прашања, рече и дека преку институциите на Собранието ќе настојува до дојде до национално помирување.