Мицкоски на Извршен комитет ги исклучи седумте пратеници кои гласаа
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција изјави дека веднаш е донесена одлука да се исклучат од партијата седум пратеници кои гласаа за уставни измени.
Мицкоски рече дека го разочарале него, партијата, татковината.
На граѓаните им порача да не се разочаруваат, и да се спротивстават на оваа според него криминална власт.
„Македонецот се борел не затоа што секогаш победувал, туку затоа што никогаш не се откажувал“, рече Мицкоски.
За СДСМ вели дека се слаби и очајни и дека ќе бидат поразени на избори.