Најавена за 15 часот, седница на собранието уште нема-дали е обезбедено 2/3 мнозинство
Во секој момент се очекува да започне собраниската седница за уставните измени, чие продолжение доцни веќе неколку часа.
Во меѓувреме стигнуваат информации дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство.
За да мине предлогот за пристапување кон измена на уставот потребен е глас од 80 пратеници. Коалицијата што ја предводи СДСМ има 72, што значи дека најмалку 8 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ треба да гласаат.