Билката мајчина душица ја уништува бактеријата, главниот виновник за појавата на мозолчиња, акни.
Оваа билка ја уништува бактеријата,главниот виновник за појавата на акните од кои страдаат многумина, тврдат британските научници. Тим на истражувачи од Универзитет во Лидс од оваа билка ги издвои основните сосотојки и ги помеша со активни состојки од мирта и невен.
Научниците ги оставиле да стојат седум дена во алкохол, а потоа добиената течност ја нанесувале на бактеријата која ги предизвикува акните.
Резултатите покажале дека мешавината на активните сосотојки од овие билки е поделотворна од пероксид-бензол кој се наоѓа во сите креми за борба против мозолчињата. Притоа, оваа мешавина, или мајчината душица која сама по себе е мелен, не предизвикува црвенило и иритација на кожата туку делува антивоспалително.