Во Тетово запленети 200 грама хероин
Тетовската полиција вчера уапсила дилер на дрога откако во неговиот дом биле пронајдени 200 грама хероин, наменет за продажба на локалните наркозависници.
Според СВР Тетово, станува збор за Б.Е.(47) од Тетово против кого ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство на дрога. Во текот на денот приведениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.
Полицијата вчера во времето од 16.30 до 18.30 часот извршила претрес во домот на Б.Е. и пронашла околу 200 грама хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.