Нимиц: Сакам да изразам големо задоволство за синоќешниот резултат во Парламентот
Сакам да изразам големо задоволство за синоќешниот резултат во Парламентот, изјави за Гласот на Америка медијаторот Метју Нимиц.
– Ова е добредојден напредок не само за вашата држава туку и за регионот и за Европа. Сакам да им честитам на сите политички сили во државата, и на нејзиното лидерство конкретно за овој важен чекор”, вели Нимиц.
Тој нагласува дека особено бил воодушевен од тоа како демократскиот систем функционирал ефективно и одговорно, како и од демократскиот дух на граѓаните.
– Се надевам дека останатите чекори ќе се одвиваат лесно за да се заврши овој процес. Ги охрабрувам сите политички лидери да работат заедно конструктивно да го финализираат договорот, и да продолжат со неговата имплементација. Во име на Генералниот секретар можам да ве осигурам дека Обединетите нации се подготвени да ви помогнат во овој процес, како и секогаш, изјави Нимиц.