Трагедија во Свети Николе: Со возило удрил во дрво, починал 19 годишно момче
На 20.10.2018 година околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.
Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.