Ги чува полиција куќите на пратениците Арнаудов и Василевски
Телевизија Алсат денеска известува дека е забележано полициско присуство пред куќите на охридските пратеници Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, кои се исклучени од редовите на ВМРО-ДПМНЕ откако отстапија од партиската агенда и гласаа за отпочнување на уставни измени на синоќешната седница. Телевизијата тврди дека домовите денеска се под строга заштита од страна на полицијата.
Покрај тоа, полициски патроли го надгледуваат и домот на Крсто Мукоски во Вевчани. МВР и премиерот Зоран заев веќе проценија дека овие пратеници ќе бидат под закана, бидејќи вчераги гласаа и поддржаа уставни промени во драматична завршница. По гласањето имаше бура од закани и клетви на социјалните мрежи, а полицијата веќе поднесе една пријава.
Случајно или не,тројцата пратеницисе обвинети и има и активни процеси против нив вод страна на редовното Обвинитество.