Могерини и Хан ја поздравија одлуката за пристапување кон уставни измени
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политија Јиханес Хан преку заедничка изјава ја поздравија двотретинската одлука на македонското Собрание за пристапување кон измена на Уставот согласно Договорот од Преспа..
– Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија направи многу важен чекор кон спроведувањето на Преспанскиот договор преку гласањето за започнување на процедурата за уставни измени. Сега очекуваме националните процедури за спроведување на договорот да продолжат без одложувања, кон усвојување на уставните измени.
Европската унија силно го поддржува историскиот договор потпишан од премиерите Заев и Ципрас во јуни. Потребна е политичка храброст, водство и одговорност за решавање на еден од најстарите спорови во регионот. Оваа одлука беше потврдена со гласањето во Парламентот.
Ова е навистина единствена можност за решително поместување на земјата напред на патот кон Европската унија, како и за помирување во регионот. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, сите нејзини граѓани и нејзините институции, наведуваат во заедишката пишана изјава Могерини и Хан.