Шекеринска: Maкедонија се извлекува од калта
Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок и за тоа што најпосле земјата се извлекува од калта, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Македонија покажа дека е подготвена да стане членка на НАТО и дека е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ, додаде Шекеринска на прес-конференцијата во Владата.
Со оваа одлука, вели таа, земјата станува фактор на стабилност во регионот, а факторот стабилност ќе донесе и нови и поголеми странски инвестиции кои ќе обезбедат и нови работни места, голем извоз, подобар стандард, посичи министерката за одбрана.
„Историскиот глас на пратениците, во исто време беше глас против изолација но и против несигурност. За поздравување е таа одговорност да се стават сите работи настрана и да се даде глас за иднината“, изјави Шекеринска.
Сега е моментот поделбите да ги ставиме настрана и да почнеме да збориме за суштинско помирување, посочи Шекеринска.