Канческа Милевска вели дека е горда што гласала „За“ уставните промени
Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска во вечерашното интервју за емисијата 360 степени рече дека од нејзиниот говор во Собранието јасно било дека таа ќе даде поддршка за потребата од уставните измени.
-Ако некој го следел мојот говор со Собрание, јасно беше дека ќе дадам поддршка во оваа фаза, јас јавно кажав. Јас сум повикувала дека мојата пратеничка група мора да биде обединета. Многу почитувам различни мислења и критика прифаќам. Не треба да бегаме од критика, ако некој има различно мислење треба да го каже. Јас мојот став сум го пренела на Мицкоски, но мислам дека во овој период мора да преозвладува разумот, мора да преовладува единство за интересите за државата. Треба да гледаме реално што можеме да направиме , а мислам дека можеме со одредени амандмани да подобриме нешто во овој договор. Затоа ги отфрлам сите шпекулации за поткуп. Дали ќе имам обвиненија, јас го почитувам првниот поредок на државата. Ги отфрлам сите шпекулации дека има поткуп, рече Канческа Милевска.