Источната народна медицина има многу интересно толкување на здравствената состојба според бојата на вашите усни. Погледнете се во огледало и дознајте што ви порачува организмот.
Усните природно треба да бидат од розеви до темнорозева боја, а сите други нијанси говорат за некои тешкотии во телото. Еве и кои…
1. Бледорозеви
Ако усните ви се бледи, скоро како бојата на кожата, тоа е знак за слабокрвност. На вашиот организам му недостасуваат црвени крвни зрнца и хемоглобин, па би требало да јадете храна богата со железо, како брокули.
2. Изразено црвени
Ако вашите усни имаат многу посилна црвена нијанса од нормалното, тоа значи дека организмот прегрејува и дека црниот дроб работи прекувремено. Црниот дроб е „твок орган“ кој „не се жали“, па не чекајте да ве заболи, туку преземете нешто.
3. Виолетово-зелени
Не е невообичаено и кај здравите лица повремено во зимските денови усните да ми бидат во ваква нијанса, но доколку постојано така изгледаат, тоа укажува на проблеми со срцето и белите дробови, па најдобро е да се проверите.
4. Темно-виолетови
Кога усните се со ваква боја, тоа значи дека нешто не е во ред со органите за варење, па се советува да престанете со брзата храна и да јадете повеќе свежи намирници богати со влакна.
5. Темновиолетови ивици
Ако вашите ивици од усните се во оваа боја, тоа значи дека во вашиот организам постои нерамнотежа на јинг и јанг, па често може да ви е во еден момент ладно, во следниот момент врело. Во тој случај добро одморете се, добро јадете, но немојте да консумирате силна храна.