ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да го исфрли Мијалков од партијата
ВМРО ДПМНЕ се подготвува официјално да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК и личност која со децении во јавноста е експонирана како истакнат член на партијата, пренесува порталот Skopje1.mk.
„Скопје 1“ побарале став од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но по речиси 20 часа чекање на одговор, како што известуваат, добиле само коментар дека партијата ќе остане без коментар и нема да се огласи по ова нивно прашање.
Овој процес, за кој според извори на Skopje1.mk во моментов во ВМРО ДПМНЕ се размислува како тоа да се изведе, ќе почне наскоро, а поводот за исклучувањето ќе се бара во тврдења за поврзаност на Мијалков со осумте пратеници кои гласаа „за“ по предложените точки за уставните измени и наводна негова улога во обезбедување на мнозинството.
Повеќе на линкот: Скопје1