По расправија во градинка: Вработена нападната од сопруг на колешка

Во Полициската станица во Прилеп, Г.Н.(53) од Прилеп пријавил дека на 18 октомври, околу 12:30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на лицето В.И.(41) бил физички нападнат.

Истиот ден, околу 18:15 часот во Полициската станица во Прилеп, В.И.(41) од Прилеп пријавила дека околу 12:15 часот во детската градинка каде била вработена, додека вршела распределба на храната дошло до расправија со Б.Н.(47), исто така вработена во градинката, при што била навредувана со погрдни зборови.

По кратко време, според пријавеното, во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал расправија со пријавителката и во еден момент физички ја нападнал.

Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави