Сашо Мијалков исклучен од ВМРО ДПМНЕ
Метла и за Сашо Мијалков од лидерот Христијан Мицковски. Вечерва на ЦО на партијата покрај исклучуваето на Јанчев и Богданов од партијата е исклучен и Сашо Мијалков, доскорешен член на ИК на партијата и еден од најмоќните функционери во изминатите години во времето на лидерувањето на братучед му Никола Груевски, пренесе Магазин.
Според шпекулациите во медиумите Мицковски и неговите следбеници го вперуваат прстот дека Мијалков ги натерал 7 те пратеници од ВМРО ДПМНЕ да гласаат ЗА отварање на уставот за имплементација на Преспанскиот договор за да си обезбедел за себе како што се шпекулира амнестија за злоупотребите додека беше прв човек на УБК и еден од најмоќните фигури во времето на Груевизмот.