Трамп го укинува признавањето на трансродовите лица?

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира наскоро да го дефинира сексуалниот идентитет кон половите органи кои лицата ги имаат откако ќе се родат,што би можело да значи дека ќе ги лиши можностите на трансродовите личности да бидат и официјално познати како такви.

Американското министерство за здравство предлага во интерен документ до кој магазинот успеа да стигне, потврдување на правните дефиниции на половиот идентитет.

Предлог дефиниција: Полот ги одредува биолошките особини

“Полот дефинитивно го одредува статусот на поединецот како машко или женско, кон непроменливите биолошки особини кои можат да се идентификуваат после раѓањето или пред тоа”, пишува министерството во предлог дефиницијата.

“Полот кој е наведен во изводот мора да претставува дефинитивен доказ за полот на лицето, освен ако не биде нарушен од веродостојни генетски докази”, се додава во текстот.

Од доаѓањето на Трамп во Белата куќа во 2017 година се промениле многу мерки за заштита на трансродовите личности и ЛГБТ заедницата.

Треба да знаете
Последни објави