Алергични сте на полен – пијте го овој алкохолен пијалок
Поленската треска може да се одрази на квалитетот на вашиот живот, особено во пролетните денови и летните месеци и тоа најчесто во вечерните часови.
Симптомите на оваа алергиска реакција се кивање, заптнат нос, црвенило во пределот на очите и чешање. Целосно ефикасен лек за ова не постои, но има надеж.
Според најновите студии, омилениот пијалок на Британците, џин-тоник може да ги ублажи симптомите од поленската треска.
Ова е навистина изненадувачко со оглед на тоа што алкохолот може да ја влоши состојбата. Меѓутоа, џин-тоникот нема никакви сулфати поради начинот на дестилација, така што можете да уживеате на сонце со мала количина на џин-тоник, а состојбата да не ви се влоши.