Груевски ја добил пресудата и од апелациониот суд
Вчера, одбраната, и експремирот Никола Груевски ја добиле на рака. Предметот е распределен кај судија за извршување санкции кој има рок од 8 дена да изготи упатен акт за извршување на казната. Пишувањата во некои медиуми дека постои изготвен упатен акт од судија за извршување санкции за Груевски да се јави во ноември во затворот во Куманово ги чуле од медиумите. Утре ќе бараат од судот да им каже кај кој судија е предметот.
„Вчера, во понеделникот ја добивме одлуката од апелацискиот суд. Оставивме да тече рокот во кривичниот предметот да биде распределен кај судија за извршување санкции. Со оглед на празникот и веќе во среда ќе прашеме кај кој судија се наоѓа предметот за извршување санкции кој треба да изготви упатен акт, а ние да бараме одглагање како право на одбрана“ Сања Алексиќ адвокат од одбраната на Груевски.
Прашани во скопска единциа влеат дека Груевски добил само пресуда, но не е изгиотвен упатен акт, бидејќи доцна синоќа судија го примил предметот.
„Е, сега според процедурите во рок од 8 дена судијата треба да изготви уаптен акт во кои стои датумот и затворот, и да му се достави на Груевски“, кажаа од Основен суд Скопје 1.
Нејасно останува, пак за адвокатите на Груевски како тој ќе добие упатен акт за во ноември доколку се точни неофицијалните информации, бидејќи нивни клиенти во други постапаки деновиве дибивале упатани акти за декември.
Одново најавија дека ќе барааат одложување на на извршувањето на правосилната пресуда, но не наведуваат што ке наведат како причина. Одбраната може да бара вонредно преиспитување на пресудата кое треба да се поднесе во рк од 30 дена од приемот. Бидејќи Груевски е актуелен пратеник, а се откажа од имунитетот кога влезе во судскиот процес сега станува прашање дали тој ќе може да го задржи пратеничкиот мандат доколку замине на издржување на казната без да му биде прифатен предлогот за одлагање.